ПРИЧИНА ЗА НАДЕЖ

Бев момче на 22 години, кога ме присилија да ја напуштам Југославија, Сојузниот судија, донесе одлука да ја напуштам земјата и ми нареди да не се враќам назад, затоа што изјавив дека комунизмот е лош систем. Така во 1969 - година, морав да заминам, се најдов во Соединетите Американски Држави и се населив во Кливленд - Охајо, каде што останав 12 години. Во слободното време учев англиски јазик за да можам да контактирам со луѓето, да најдам работа и да успеам во оваа нова земја. Имав став дека светот може да понуди многу повеќе, а мојата желба беше да ги искористам приликите, затоа отидов во Јужна Флорида, која е позната по плажите и ноќниот живот. Се предадов на уживање и запознав туристи од сите четири страни на светот. Како што многу од туристите повторно и повторно доаѓаа на годишен одмор во Флорида, така и моите познанства беа се повеќе. Во разговорите со луѓето научив дека и тие се осамени, копнеат за подобар живот, секој сака да си ја најде среќата. Чувството на осаменост ме подјадуваше и длабоко во себе забележав голема празнина. Пиев алкохол, така како што луѓето користат дрога, за да си ја пополнам празнината во душата. Сите ние бараме задоволство што ќе трае, ја изгубивме смислата на животот, чуството на мир и радост си отишло од нас, нешто ни фали. Повеќето мои пријатели од бивша Југославија и од Јужна Флорида: пиеа, пушеа и користеа дрога. Бевме робови на тој живот. Се прашував, има ли излез, постои ли надеж за вистински живот? На 40-годишна возраст, бев изморен од таквиот живот. Размислував и сватив дека нешто морам да променам. Една мисла често ми доаѓаше на ум: “Ако постои Бог, зошто не направи нешто со нас? Ако е Тој, нашиот создател, тогаш зошто се наоѓаме во ваква неизвесна ситуација? Веројатно станавме толку лоши што и самиот Бог не напуштил и не е повеќе со нас. Решив и почнав да го барам Господ преку молитва, барав од Него да ми се објави и да ми помогне да разберам, зошто луѓето се наоѓаат во хаос, зошто се збунети, зошто живеат во разорени семејства, зошто имаат проблеми, зошто се гладни, болни, војуваат и имаат многу други неприлики. Почнав гласно да му се молам на Бог: “Господе, слушнав дека Исус Христос е Синот Божји и дека умре на крстот. Јас не знам што се случило потоа, но кога би бил сигурен дека постоиш, би верувал и на сите би им говорел за Тебе.” Откако ја кажав оваа молитва не видов никаква промена. Помислив: “Кој сум јас, па да барам од Бога да ми се објави?” Повторно се молев, но сега поинаку: “Господе, што и да ми предложиш јас ќе прифатам. Само морам најпрво да бидам сигурен дека постоиш и тогаш ќе верувам во Тебе, и на секој ќе му кажам за Тебе.”

ГОСПОД МЕ ОДНЕСЕ НА НЕБО

Веднаш по молитвата почуствував допир во градите, почнав да излегувам од своето тело. Се исплашив и помислив дека умирам. Тогаш сватив дека самиот себе, сум се предал на Бог. Стравот исчезна и веднаш се најдов во светол тунел. Бев љубопитен и радосен додека минував низ него. Разгледував околу себе, а кога се свртев моето тело веќе не се гледаше. На крајот од тунелот лево и десно блескаше по еден сноп од силна огнена светлина, ми се чинеше дека ќе изгорам. Знаев дека сум грешник и што е, тука е, не можев да избегам. Си реков, нека Господ Бог направи така како што сака.

Кога поминував низ светлината, бев восхитен, почуствував како Господ ме води, знаев дека сум во Небо и бев неописиво среќен. Се приближував, према некој отвор, кој стануваше се поголем и видов сребрен ангел како дојде со своите крилја и застана крај мене. Ангелот беше огромен. Иако не можев да му го видам неговото лице, сепак ме исполни бескрајна среќа. Радост и блескава светлина се простираше насекаде, мрак и сенка не можев да забележам. Светлина, каква што немам видено и ангелот ме носеше секаде кај што посакував. Возбудата беше неискажлива и посакав да останам таму. Помислив: “Тука е толку убаво; тука ќе останам.” Во истиот момент, Бог ме соедини со телото. Настојував да го убедам Господ Бог како е подобро да ме врати на Небо и да живеам таму, оти таму е подобро отколку на земјата. Ги употребив сите аргументи на кои можев да се сетам. Тогаш чув глас: “Бараше да знаеш дали постојам за да можеш да веруваш во Мене и на сите да им зборуваш за тоа.” Сега веќе знаев, пред мене стои одговорна задача, треба да им зборувам на луѓето, но исто така открив дека немам сила за тоа. Си помислив ќе ми речат дека ова беше само убав сон, визија што не е возможна.

Поминаа шест месеци, како ги одбегнував: тениските игралишта, плажите и вообичаените места кај што можев да сретнам познати луѓе. Требаше да зборувам, но неможев, немав сила. Во еден септемвриски ден, 1986 година, му реков на Господ Бог: “Се решив да читам Библија, да се молам секојдневно, да постам и да им зборувам на другите за Тебе. Нема веќе да работам било каква работа, нема да ставам рака ни на една девојка, ниту ќе се женам.”

Во почетокот, додека ја читав Библијата, многу нешта не беа јасни, но бев упорен, читав и продолжив со проучување. Прочитав во Јован 3:16, 17 и 18 кај што пишува: “Зашто Бог толку го засака светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој кој верува во Него да не загине, туку да има живот вечен. Зошто Бог не Го испрати Својот Син во светот за да му суди на светот, туку светот да биде спасен преку Него. Кој верува во Него, нема да му се суди, а кој не верува веќе е осуден, зашто не поверувал во името на Единородниот Божји Син.”

Исто и во Римјаните 3:23, кај што Господ Бог вели: „сите згрешија и не ја заслужуваат Божјата милост”. Тоа се однесуваше и за мене – и јас бев грешник. Единственото решение беше, да се покаам и од Господа да побарам проштевање. Господ Исус Христос умре на крстот, ја пролеа својата крв за сите грешници од светот, меѓу кои сум и јас. Воскресна на третиот ден во слава и во вечно тело. Четириесет дена им се јавуваше на своите ученици. Евангелието вели: “само оние, кои што веруваат во Неговото име, имаат вистински, вечен живот со Бог”. Во Дела 1:5, Господ Исус Христос им зборува на своите следбеници да останат во Ерусалим и да го чекаат Божјото ветување: “Зашто навистина Јован крштеваше со вода, а вие, не по многу дни, ќе бидете крстени со Светиот Дух!”. Во осмиот стих вели: “Ќе примите сила, кога Светиот Дух ќе слезе на вас и ќе Ми бидете сведоци како во Ерусалим, така и во цела Јудеја, и Самарија, па се до крајот на земјата.” Со тие зборови, се вознесе пред нивните очи, и облак Го зеде од пред нивните погледи, и не можеа веќе да го видат. Продолжија упорно да гледаат во небо. Пред нив се појавиле двајца мажи во бели облеки, тие рекле: “Мажи, Галилејци, зошто стоите и гледате во небото? Овој Исус кој од вас се вознесе на небото, ќе дојде така како што Го видовте да оди на небото.” (Дела 1:11).

Учениците ја напуштиле Маслиновата гора и се вратиле во Ерусалим. Отишле во горната соба каде што се собраа 120 луѓе. Се решија да се молат заедно и да му благодарат на Господа. Меѓу нив била и Исусовата мајка Марија и Неговите браќа. Во Дела 2:1-4 се вели: “А кога дојде Педесетница, сите беа собрани на едно место. И одненадеж се слушна бучава од небото, како да дува силен ветер и ја исполни целата куќа во која се молеа. И им се појавија јазици како од пламен, кои се разделија и над секого од нив застана по еден. И тие сите се исполнија со Светиот Дух и почнаа да зборуваат на други јазици, како што Духот им даваше да зборуват.” Тоа беше Утешителот, кој што Исус го беше ветил во Јован 15:26-27: “А кога ќе дојде Советникот – Утешителот, кого јас ќе ви Го испратам од Таткото, Духот на вистината, кој излегува од Таткото, тој ќе сведочи за мене; а и вие ќе сведочите, бидејќи бевте со мене уште од почетокот.” Во Јован 16:8-11 за Него се вели: “А кога ќе дојде Тој, ќе го увери светот за гревот, за праведноста и за судот. За гревот – зашто не веруваат во мене; за праведноста – зашто си одам кај Таткото, и веќе нема да ме видите; за судот – зашто принцот на овој свет е осуден.”

Дела 2:5 јасно кажува дека Евреите и другите побожни луѓе, од сите народи под небото кои биле во Ерусалим при доаѓањето на Светиот Дух, биле збунети зашто слушнале како овие зборуваат на нивните јазици. Расправале меѓу себе, оти се прашувале како необразовани апостоли од Галилеја можат да зборуваат туѓи јазици. “Како тогаш ние го слушаме секој својот мајчин јазик?” Парќаните, Мидијците, Еламитите, жителите на Месопотамија, на Јудеја и Кападокија, на Понт и Азија, на Фригија и Памфилија, на Египет и од пределите на Либија, околу Киринија, и Римјаните кои се тука привремено, Евреи и прозелити, Критјани и Арабјани; сите ние ги слушаме како на нашите јазици зборуваат за моќните дела Божји? Сите им се восхитуваа и во недоумение си велеа еден на друг: “Што може да биде ова?” Други пак им се подбивале на апостолите и велеле: “Се поднапиле слатко вино!” (стих 13). Во Дела 2:14-47; Апостол Петар се подигнал, со единаесетмината, го поткренал гласот и повикал: “Луѓе, Евреи и сите вие кои живеете во Ерусалим! Знајте го ова и послушајте ги моите зборови! Овие луѓе не се пијани, како што мислите вие, зашто е одвај третиот час на денот, но тоа е кажаното преку пророкот Јоил: 'Во последните денови' – вели Господ – 'ќе излеам од Својот Дух над секого, и вашите синови и вашите ќерки ке пророкуваат, и вашите момчиња ке гледаат виденија, а вашите старци ке сонуваат соништа. Исто така, во тоа време, над Моите слуги и над Моите слугинки ќе излеам од Мојот Дух и тие ќе пророкуваат. Ке правам чуда горе на небото и знаци долу на земјата: крв, оган и чад. Сонцето ќе се претвори во темнина, и месечината во крв, пред доаѓањето на великиот и славен Господов ден. И секој кој ќе го повика Господовото име, ќе биде спасен.' Мажи Израелци! Чујте ги овие зборови: Бог во вашата средина Го потврди Исус Назаретјанецот со сили, со чуда и со знаци, што Бог преку Него ги направи меѓу вас, како што знаете и самите. Вие, Него, откако беше предаден според предодредената Божја воља и предзнаење, преку рацете на беззакониците Го распнавте и Го убивте, но Бог Го крена и Го ослободи од смртната агонија, зашто не можеше смртта да Го задржи. Зашто Давид вели за Него: 'Постојано Го гледам Господ пред себе; Тој ми е оддесно, за да не се поместам. Затоа се развесели моето срце и се зарадува мојот јазик, а и моето тело ќе почива во надеж; зашто нема да ја оставиш мојата душа во Адот, ниту ќе дозволиш Твојот Светец да види распаѓање. Ти ми ги покажа патиштата на животот, ќе ме исполниш со веселба со Своето присуство.' Мажи, браќа! Можам слободно да ви кажам за патријархот Давид дека умре и беше погребан и дека неговиот гроб е меѓу нас до ден денешен. Но, бидејќи беше пророк и бидејќи знаеше дека Бог му се заколна оти од родот на неговите бедра некого ќе постави на неговиот престол, предвидувајќи за воскресението на Христос, рече: 'Ниту беше оставен во Адот, ниту телото Му виде распаѓање.' Бог Го воскресна Овој Исус, за што ние сите сме сведоци. И така подигнат на Божјата десна страна, Тој Го прими од Таткото ветувањето на Светиот Дух, го излеа ова што го гледате и слушате. Зашто Давид не се вознесе на небесата, но самиот изусти: 'Му рече Господ на мојот Господ: седни оддесно до Мене, додека не ги соборам Твоите непријатели како подношка на Твоите нозе!' И така, целиот Израелов дом сигурно нека знае дека Него Бог Го направи Господ и Христос - Овој Исус, Кого вие Го распнавте!” А кога го чуја тоа, ги засегна во срцето, и му рекоа на Петар и на другите апостоли: “Мажи, браќа, што да правиме?” А Петар им рече: “Покајте се! И секој од вас нека се крсти во името на Исус Христос за на проштавањето на вашите гревови, и ќе го примите дарот на Светиот Дух. Зашто, ова ветување е за вас, за вашите деца и за сите далечни, колку што Господ, нашиот Бог, ќе ги повика кај Себе си.” И уште со многу други зборови сериозно сведочеше и ги предупредуваше, велејќи: “Спасете се од ова расипано поколение!” И така, се крстија оние кои го прифатија неговото слово, па тој ден се приклучија околу три илјади души. И беа постојани во апостолското учење и во општењето; во раскршувањето на лебот и во молитвите. А страв и трепет влезе во секоја душа, зашто преку апостолите стануваа многу чуда и знаци. А сите оние кои поверуваа, беа заедно и се им беше општо. И ги продаваа своите сопствености и имоти и тоа го споделуваа со сите, секому според неговата потреба. И секој ден беа постојано и еднодушно во Храмот; раскршуваа леб по домовите и јадеа со радост и со чисто срце, Го славеа Бог и беа мили кај целиот народ. А секој ден Господ ги придодаваше оние кои се спасуваа.

Поткренат од Светиот Дух апостол Павле во Римјаните 10:9-17 напишал: “Зашто, ако со твојата уста исповедаш дека Исус е Господ и ако во твоето срце поверуваш дека Бог Го воскреснал од мртвите, ќе бидеш спасен. Зашто со срцето се верува за праведност, а со устата се исповедува за спасение, бидејќи Писмото вели: “Секој кој верува во Него, нема да се засрами.” И нема разлика меѓу Евреин и Грк, зашто еден ист е Господ на сите, богат за сите кои Го повикуваат, зашто: “Секој, кој ќе го повика Господовото име, ќе биде спасен.” Но, како ќе Го повикаат Оној во Кого не поверувале? А како ќе поверуваат во Оној за Кого не чуле? А како ќе чујат без проповедник? И како ќе навестуваат, ако не се испратени, како што е напишано: “Колку се прекрасни нозете на оние што носат радосни вести за добри нешта!” Но сите не ја послушаа Радосната Вест, зашто Исаија вели: “Господи, кој поверува на нашата вест?” И така, верата доаѓа од слушање, и тоа од слушање на Христовото слово.” Јован 1:12: “А на сите што Го примија, им даде право да станат Божји деца – на оние кои веруваат во Неговото име”.

Можеш да ја кажеш следната молитва: Господи Боже, јас сум грешник; се каам за своите гревови и барам опростување. Исусе Христе, верувам дека Ти си Божји Син; дека умре на крстот за гревовите на сите луѓе, верувам во срцето дека на третиот ден воскресна од мртвите, дека четириесеттиот ден си вознесен на небо и дека си седнат од десната страна од престолот на својот Отец, дека ја имаш сета сила и авторитет, како на небото така и на земјата. Те молам влези во мојот живот и со својата света крв очисти ме од сите гревови, тргни ја вината од мене. Помогни ми да верувм дека преку твоите рани можам да да доживеам исцеление. Дај ми го дарот на Светиот Дух да можам засекогаш да бидам со Тебе. Ти благодарам, мој небесен Татко, во името на Господ Исус Христос.

Ако веруваш, треба секој ден да читаш Библија и да живееш онака како таа учи. Преку читањето ќе разбереш, што е тоа што Господ Исус сака да го знаеш и да го правиш.

Знаците на времињата ни зборуваат дека Господ Исус наскоро ќе се врати. Треба да бидеме спремни, да веруваме, дека живееме по примерот кој ни го даде Господ Исус и да ја вршиме Неговата волја. Тоа е напишано во Евангелието по Јован 14:1-6: “Да не се вознемирува вашето срце; верувајте во Бог, и верувајте во Мене! Во Домот на Мојот Татко има многу места за живеење; ако не беше така, Јас ќе ви кажев. Одам да ви приготвам место. А кога ќе отидам и ви приготвам место, пак ќе дојдам и ќе ве земам кај Себе, за да бидете и вие таму каде што Сум Јас, а патот за онаму каде што одам, го знаете.” Тома Му рече: “Господи, не знаеме каде одиш! Како можеме да го знаеме патот?” Исус му одговори: “Јас Сум Патот, Вистината и Животот. Никој не доаѓа кај Таткото, освен преку Мене.”

Никој не може да го запознае Господ Бог ако не верува во Господ Исус Христос. Апостол Павле напишал, како Светиот Дух го учел во 1.Солуњаните 4:16-18: “Зашто Самиот Господ ќе слезе од небото, на заповед, со глас на архангел и со Божја труба, и мртвите во Христос ќе воскреснат први. Потоа ние живите кои останавме, ќе бидеме грабнати заедно со нив на облаците, за да Го сретнеме Господ во воздухот; и така засекогаш ќе бидеме со Господ. Затоа, утешувајте се еден друг со овие зборови.”

Господ Исус Христос даде ветување дека ќе слегне од Небото во слава, заедно со ангелите и сите свети, и ќе го воспостави Божјото кралство на земјата. Господ Исус вети дека ќе ги спаси сите кои веруваат во Него. А оние кои не веруваат, ќе бидат фрлени во Огненото Езеро. Откровение 1:7: “Еве, доаѓа со облаците и ќе Го види секое око, дури и оние кои Го прободоа, а сите земни племиња ќе тагуваат заради Него. Да, амин!”

Во книгата Откровение 19:19-21 се вели: “Потоа го видов yверот и земните цареви и нивните војски - собрани да војуваат против Оној Кој седи на коњот и против Неговата војска. А yверот беше фатен, заедно со лажниот пророк кој правеше чудотворни знаци пред него, со кои ги заведе оние кои го примија белегот на yверот и кои се клањаа на неговата икона; и обајцата беа фрлени живи во огненото езеро што гори со сулфур. Другите, пак, беа убиени со мечот што излегуваше од устата на Оној Кој седеше на коњот, и сите птици се наситија со нивното месо.”

Откровение 20 ни зборува дека Бог со своите ангели ќе го зароби змевот, старата змија, кој е ѓаволот и сатаната, ќе го врзе за илјада години, па ќе го фрли во бездната и ќе ја заклучи и запечати над него, за да не ги мами народите додека не се навршат илјада години; потоа треба да биде одврзан за кратко време и ќе излезе да ги мами народите на земјата, чиј број е како морскиот песок, за да ги собере за војна. Ќе дојде ден да го нападнат Ерусалим, но тогаш ќе падне оган од небото и ќе ги проголта. А ѓаволот, кој ги заблудуваше, ќе биде фрлен во езерото од оган и сулфур, каде што се и yверот и лажниот пророк; тие вечно ќе бидат мачени дење и ноќе.

Во Откровение 20: 11-15 пишува: “11 И видов голем бел престол и Оној Кој седеше на него, од Чие лице побегнаа земјата и небото, и не се најде место за нив. Ги видов мртвите, големи и мали, како стојат пред престолот, и се отворија свитоци; и друг свиток се отвори - книгата на животот, а на мртвите им беше судено според она што е запишано во свитоците, според нивните дела. И морето ги предаде мртвите кои беа во него; и смртта и Адот ги предадоа мртвите кои беа во нив, и секој беше суден според своите дела. А смртта и Адот беа фрлени во огненото езеро. Тоа е втората смрт, огненото езеро. И кој не беше запишан во книгата на животот, беше фрлен во огненото езеро.” Сега Господ Исус Христос седи на престолот на славата и милоста. Тој ја има сета власт и сила на небото и на земјата. Господ сака да го спаси секој поединец, кој искрено ќе се покае и ќе верува во Него. Господ Исус Христос е распнат за да ја спаси секоја душа што ќе го прифати. Беше прикован на крстот и Неговата драгоцена крв беше пролеана за опростување на гревовите. Третиот ден воскресна од мртвите, во своето прославено тело, по четириесет дена, се вознесе на небо и после десет дена го испрати Светиот Дух. Светиот Дух пребива во верниците скоро 2000 години и на мнозина им помогна да станат налик на Христос. Светиот Дух го учи секој верник дека ѓаволот е поразен и осуден. Секој човек треба да знае дека за спасение остана уште малку време – сите знаци укажуваат дека последните времиња се дојдени. Никој не може сам да плати за своите гревови или да се спаси самиот себе. Мораме да ги приватиме Божјата милост и дарот на спасението, за кои што Исус Христос плати на крстот со својот живот. Во Светото Писмо 2.Коринтјаните 6:2 е запишано: Зашто Тој вели: “Во погодно време те послушав и во денот на спасението ти помогнав.” Еве, сега е “погодното време”, еве, сега е “денот на спасението”!

Еден ден, 1986 – година бев во христијанско семејство. Еден брат во Христа се молеше на Господ Бог преку вера за мене. Раката ја држеше на моето раме. Одеднаш почна да зборува во јазици. Помислив: “На кој јазик зборува овој човек кога неговите зборови немаат никаква смисла?” Потоа почна да зборува на англијски и ја повтори истата порака; тогаш го разбрав. Пораката беше за мене од Господ Бог: “Ке одиш во земјата од каде си дошол и на сите луѓе ќе им зборуваш за мене.”

На кој начин Господ Бог зборува денес? Дали треба да отидам во Југославија, и покрај тоа што власта ме изгони и нареди никогаш да не се враќам? Како да верувам дека оваа порака дошла од Господ Бог? Помислив: “Како можам да зборувам за тоа кога сеуште ја немам проучено Библијата?” Почнав секојдневно да читам и да се молам на Господа, да му се заблагодарувам и да Го величам. Знаев дека имам задача да го проповедам Исус Христос и Неговото Слово, на оние што живеат во Јужна Флорида или пак се таму како туристи. Ја земав Библијата и отидов на сите места кај што порано играв тенис, одбојка и шетав на океанската плажа. Многу луѓе што ме познаваа од порано беа изненадени кога ме видоа со Библија во раката и како проповедам Евангелие. Некои слушаа со занес и одушевување, а други беа незадоволни со она што го слушат. Пријателите и Евреите рекоа: “Не сакаме да слушаме за Исус Христос од други луѓе, но од тебе, ќе слушаме.” Се дружев со нив и тогаш посакаа да се помолам за нив и беа среќни кога преку молитва ги предавав на Господ.

БЕНЏАМИН БЕШЕ ИСЦЕЛЕН ПРЕКУ МИЛОСТА БОЖЈА ВО ИМЕТО НА ГОСПОД ИСУС ХРИСТОС

Еден постар Евреин, кој што го познавав веќе подолго, седеше на клупа и љубезно ме поздрави. Ме замоли да седнам. Ми кажа дека има проблеми додека оди и дека го боли левото колено. Живееше сам и немаше кој да му помогне. Наеднаш ме праша дали ке сакам да се молам за него и рече дека ќе верува во Исус Христос ако го оздрави. Библијата вели во Јован 20:28,29; “ Тома изусти, велејќи: “Мојот Господ и мојот Бог!” Исус му рече: “Поверува, бидејќи Ме виде. Блажени се оние коишто не виделе, а поверувале.”

Се молев и барав од Господ Бог да го ослободи од болките и да му го врати здравјето. Кога проба да оди, рече дека се чуствува подобро и дека сега нема потреба од бастунот. Неколку дена подоцна видов како на луѓето, што седеа околу него, им зборува дека е здрав и дека може слободно да ја движи ногата. По овој настан мнозина ме повикуваа и молеа да им зборувам за Господ Исус Христос. Бев благодарен на Бог за сите нив, оти се понизија да го примат и да го разберат Божјото Слово.

ЧОВЕК ИСЦЕЛЕН ПРЕКУ СВЕТИОТ ДУХ ВО ИМЕТО НА ИСУС ХРИСТОС

Некои од моите познаници беа сопственици на Карипскиот хотел. Нивните предци дошле да живеат во Флорида. Биле верници кои читаат Библија, се молеле и благодареле на Господа за Неговата љубов према секоја душа. Го молеле Бог да ги спасува луѓето и да им поклони вечен живот. Секој што не е во единство со Светиот Дух се наоѓа во духовен мрак, Бидејки не е понизен пред Исус Христос преку искрено покајание и исправна вера.

Во хотелот забележав дека една жена од Канада е многу тажна. Некој ја прашал што се случило. Нејзиниот маж бил во болница, лекарите и кажале дека нема лек за нејзиниот маж и наскоро ке умре. Уште кажале дека му преостануваат само уште неколику часа живот. Пријдов кон неа, потоа и дадов да чита христијанска литература. Реков: “Вашиот сопруг ќе живее.” Таа запраша: “Кој сте вие и како можете да зборувате така?” Објаснив дека сум Христов слуга и ако се помолам во склад со Неговата волја, Тој ќе одговори. Ми рече дека не ми верува. Ја запрашав: “Дали сакате вашиот сопруг да живее и да биде здрав?” Предложив да се помолиме заедно. Го замолив Господ Исус Христос да го оздрави и да го продолжи неговиот живот. Му заблагодарив од се срце што ќе го направи тоа.

Продолжив да проповедам за Господ Исус Христос. Неколику недели покасно минував покрај истиот хотел. Некој викаше по мене. Се свртев да видам и тоа беше истата жена, нејзиниот маж се вратил од болница. Ме повика да одам и да го видам. Кога му пријдов, тој стана од столот и ми се поклони. Реков: “Не прави го тоа, исправи се.” Се исправи и возврати: “Што друго да направам?” Го прашав: “Кага ќе се вратите во Канада?” Тој одговори: “Во петок.” Реков: “Тогаш раскажете му на вашето семејство, на пријателите, познаниците, комшиите и непријателите, дека Господ Исус Христос ве исцели и ви поклони живот. Треба да поверуват со сето срце и секој ден да читат Библија. Треба да ги знаат и да ги извршуваат Божјите заповеди: “Љуби го Господ Бог со целото свое срце, со сета своја душа и со целиот свој ум, служи му.”

ГОСПОД ИСУС ХРИСТОС ИСЦЕЛИ ЧОВЕК ШТО ИМАШЕ ВИСОКА ТЕМПЕРАТУРА

Во една друга прилика една госпоѓа влезе и побрза кон телефонот. Не го доврши разговорот, кога рече дека мажот и има висока температура, и дека му е потребна итна помош. Тогаш и реков дека тој ке оздрави, доколку таа ке сака да се помоли со мене. Ми рече: “Кој сте вие, за да ми го кажете тоа?” Реков дека сум слуга на Исус Христос и што и да побарам во Негово име во молитва, ако Тој сака може да го направи. Не веруваше, но беше очајна и прифати да се моли. Во молитвата накратко побарав од Исус Христос во склад со својата милост, да му го врати здравјето на човекот. Потоа и реков: “А сега одете и видете како му е на вашиот маж. Вратете се да не информирате.” Брзо се врати и на сите јасно им кажа дека нејзиниот маж е потполно здрав – дека станал и дека оди.

Кога оние туристи дојдоа во наредната сезона, рекоа дека ја читале Библијата, и дека сега веруваат во Господа. Господ ги промени срцата на оние што искрено го бараа, им го подари Светиот Дух така што сите имаа живот во Него. Нема разлика помеѓу Евреинот и останатите луѓе. Сите сме исти пред Бог. Пророкот Исаија, пророкувал околу 700 години пред Христовото раѓање, Исаија 53:3-7: “Беше презрен и отфрлен од луѓето, човек на болката, свикнат на страдањата, од Кого секој го отстранува лицето, беше презрен и за ништо го сметавме. А Тој ги понесе нашите болести, ги зеде врз себе нашите болки, додека ние сметавме дека Бог Го бие и Го понижува. За нашите престапи беше прободен, сотрен, за нашите беззаконија. Казната за нашиот мир падна врз Него, преку Неговите рани ние се исцеливме. Сите скитавме како овци и секој одеше по својот пат. А Господ ги возложи на Него сите наши беззаконија. Го измачуваа, а Тој оставаше и не ја отвори Својата уста. Го одведоа како јагне на колење; како овца нема, пред оние што ја стрижат, не ја отвори Својата уста.” Во 1.Петрова 2:24 вели: “ Тој Сам во Своето тело ги понесе нашите гревови на дрвото, та ние, умирајќи за гревот, да живееме за праведноста; преку Неговите рани се исцеливте.”

УРАГАНИТЕ ФЛОЈД И МИХАИЛ БЕА СОПРЕНИ СО СИЛАТА НА БОГ ВО ИМЕТО НА ГОСПОД ИСУС ХРИСТОС

Во октомври, додека бев на вечерната молитва, јасно чув порака во духот. Пораката гласеше: “Сакам да зборуваш против ураганот Флојд.” Во тоа време живеев во Јужна Флорида и знаев дека ураганите донесуваат силни ветрови, дождови и прават огромни штети уништувајки ги куќите, дрвјата и се што се најде на нивниот пат. Ниту гледав телевизија ниту пак читав весник, не знаев дека пристигнува ураган. Следниот ден отидов на црква и ги прашав верните што знаат за ураганот Флојд. Ми објаснија дека се приближува према Јамајка и дека за три дена може да дојде и во Флорида. Ме запрашаа зошто толку се интересирам. Им реков дека Господ ми нареди да зборувам против ураганот Флојд, но дека не знам како ниту пак каде. Следниот ден дуваше силен ветер и врнеше дожд. Заклучив дека ураганот пристигнал во Флорида. Го вклучив телевизорот на каналот за временска прогноза. Директорот на Институтот за метеорологија рече дека ураганот Флојд пристигна на брегот од Флорида и дека е прекасно за луѓето да отидат во засолништата. Тој продолжи: “Не ми е јасно како е можно да пристигне толку брзо. Не можевме да го следиме неговото движење.” Во истиот тој момент, глас ми рече: “Брзо стани, ставија раката на телевизорот и зборувај против ураганот.” Побрзав ја ставив раката на телевизорот и реков: “Урагане Флојд, ти наредувам во името на Господ Исус Христос да се расцепиш во парчиња; и да престанеш со предизвикување штета.” Го исклучив телевизорот и верував дека ќе се случи така како што се молев. Шетав по собата И благодарев на Господ Бог. Половина час покасно го вклучив телевизорот. Повторно зборуваше директорот и зборуваше како ураганот се разделил на три дела; веќе нема ураган и нема кој да предизвикува штета. Радосно додаде: “Ова нешто, се нема случено никогаш порано. Не можам да разберам.” Кога пристигнав на вообичаениот молитвен состанок во црквата, група од верни ме запрашаа: “Кажи ни како се молеше.” Им опишав како се случи и сите заблагодарија на Господ Исус Христос.

Еден ден додека проповедав. Еден верник ми пријде и ми рече: “Дали знаете дека ураганот Михајло доаѓа према Флорида од Западна Африка и дека е многу силен?” Кага стигнав дома го вклучив телевизорот и видов како ураганот Михајло доаѓа директно према Флорида. Ја ставив својата рака на телевизорот и во името на Господ Исус Христос му наредив на ураганот да го промени својот правец и да се сврти кон север. Половина час подоцна повторно го вклучив телевизорот. Информацијата беше дека ураганот веќе свртел за 90 степени кон север. Слава и благодарност на Господ Исус Христос кој нас не благословил и кој од нас верните бара да бидеме послушни и да го правиме она што ни заповеда.

Продолжив да ја проучувам Библијата и времето да го поминувам во молитва. Размислував и многу пати се прашував за Југославија. Дали е потребно да проповедам насекаде, и треба ли сиот народ да ја слушне пораката на Господ Исус Христос? За тоа време продолжував да проповедам на туристите по парковите, на плажите, на тие што живееја таму и на секој што ја посетуваше Јужна Флорида.

ОНИЕ ШТО ВЕРУВААТ ВО ГОСПОД ИСУС ХРИСТОС СЕ ХРАМ БОЖЈИ

Во нас кои го примивме Светиот Дух, владее Бог, бидејки од Него сме родени и Негова црква сме. Апостолот Павле, инспириран од Светиот Дух, вели како што е напишано во 1.Коринтјаните 6:19 и 20: “Зарем не знаете дека вашето тело е храм на Светиот Дух, Тој е во вас, Него го имате од Бог, па сега не си припаѓате на себе? Зашто скапо сте платени. Затоа, прославете Го Бог во своето тело.” Во Јован 14:13, 14 се вели: “Што и да побарате во Мое име, ќе направам, за да се прослави Таткото во Синот. И ако посакате нешто во Мое име, Јас ќе го сторам.”

ГОСПОД МИ ЗБОРУВАШЕ ВО СОН

Летото 1990 година, решив да заминам за Југославија. Поминаа дваесет и три години, како ја напуштив својата татковина. Се прашував дали ќе ги сретнам своите стари познаници и пријатели, дали ме заборавиле. Можеби и роднините нема да ме познаат. Се молев и го замолив Господа да ми каже шта да зборувам и од каде да почнам, уште го замолив во склад со Својата милост да ми зборува преку сон или визија. Додека спиев чув глас кој рече: “Мораш да ги кажуваш Моите зборови. Тие мора да ме слушаат, само кажи ги Моите зборови.” Следното утро отпатував за Белград. На сопатниците во авионот им ја кажав Божјата порака. Мнозина слушаа радосно. При патувањето авионот слета во Загреб и тоа беше одлична прилика да им го проповедам Евангелието и на пилотите и стјуардесите.

По некое време од како пристигнав во Белград, влегов во радио станицата и му предложив на директорот да им зборувам на слушателите за вистинската вера во Бога. Цел час бев гост на радио, така почнав со радио и телевизијски емисии во неколку градови. Воедно помогнав во повеќе делови од бивша Југославија да се поделат Библии.

Кога го читаме и слушаме словото од Библијата ние ги слушаме зборовите на Господ Исус Христос и така примаме вера во Бог. Божјиот Збор порачува: секој човек мора да се покае за своите гревови и треба со вера да го отвори своето срце за Господ Бог. Само преку покајание и вера во милоста на Господ Исус Христос, стануваме Божји деца.

ГОСПОД ИСУС ХРИСТОС МЕ ОСЛОБОДИ ОД ГРУПА МАЖИ КОИ САКАА ДА МЕ УБИЈАТ

Додека проповедав во главната улица од главниот град во бивша Југославија, се направи група од луѓе да го слуша Евангелието на Исус Христос. Стоев со Библијата читав и проповедав од Божјото Слово, кога пријде друга група на луѓе. Некои од нив ми дојдоа од назад, ме фатија и силно ме држеа што не можев да се мрднам. Друѓи двајца, со колец долг околу три метри, сакаа да ме прободат удирајќии ме во стомак. Еден од напаѓачите си отиде со зборовите: “Не сакам да бидам вмешан во убијството на овој човек. Немам никаква причина да го убијам.” Тие не го послушаа и навалуваа уште повеќе со својот долг колец. Тогаш им реков: “Слушајте што ви кажува вашиот пријател. Зошто се брзате за во пеколот? Таму ке завршите ако не се покаете во името на Исус Христос. Сакате да ме убиете, но јас сум тука да ви кажам дека Бог ве љуби и дека сака да ви даде спасение.” Веќе не ме држеа толку силно и конечно ме ослободија, можев слободно да си одам. Отидов неколку блокови понатаму и повторно почнав да проповедам. Беше тоа 1991 – година. Набргу проповедав на плоштадот недалеку од главната улица. Три момчиња на околу дваесетгодишна возраст дојдоа до мене. Едното од нив ми го зеде микрофонот од рацете и ме удри по главата. Другото го зеде држачот и го скрши од мојата глава. Третото момче пријде од страна удирајки ме во лицето. Сеуште можев да стојам, кога навалија на луѓето што слушаа. Тогаш се поделија на две групи и настана тепачка, почнаа да се удираат едни со други. Стоев и се молев на Бог-Таткото да донесе мир меѓу овие луѓе. Следниот ден повторно се вратив и проповедав на истото место. Луѓето беа изненадени кога видоа дека Господ повторно ме донесе. Непријателите на Евангелието сакаа да ме убијат, затоа се молев на Исус да ме заштити.

ГОСПОД МЕ СТОПЛИ ПО СВОЈАТА МИЛОСТ

Доцна таа година започна војната, а јас продолжив да го проповедам Евангелието во другите градови. Еден ден додека разговарав со двајца верни, им реков дека некои банќи ке банкротираат. Тоа го имав слушнато од некого и знаев дека наредниот ден мнозина ке стојат во редови пред банките и ке чекаат да се отворат. Моите пријатели се согласија да излеземе утрото да го проповедаме Евангелието на Исус Христос и да поделиме трактати. Денот беше многу ладен. Беше јануари. Дуваше ладен ветер и беше дваесет и пет степени под нулата. Чекав на зборното место а тие каснеа. Кога пристигнаа сакав да ги прашам зошто задоцнија, но немав сила да зборувам. Сватив дека сум се вкочанил од студ и дека нема да можам да си помогнам. Тогаш почнав да се молам, полека ја отварав устата, ги подигав рацете и благодарев на Господ Исус Христос. Наеднаш ме опфати чудесна топлина, ми беше добро и можев јасно да зборувам, се чуствував како во лето. Сите се загледаа во мене. Реков: “Е, сега можеме да се поделиме во групи по двајца и да ги заобиколиме луѓето што чекаа во долгите редови додека да се отворат банките.” Беше околу шест часот наутро, кога ги поделивме трактатите. Луѓето приметија дека не носам ракавици а сепак мене ми е топло. Гледаа во мене додека ги земаа трактатите и ги ставаа во xебовите. Откако поделивме се, застанав на едно погодно место од кај што може сите добро да ме слушнат. Зборував за Господовата силна љубов и Неговата милост. Верувам дека во тие мигови луѓето се прашуваа, како е можно овој човек да се однесува толку љубезно и да му е топло на толку ладно време.

Откако завршивме таму, решивме да одиме пред другите банки и да го направиме истото, делевме трактати и проповедавме. Луѓето приметуваа дека мене ми е топло иако немам ракавици. Некои од нив рекоа дека слушнале како преку радио проповедам Евангелие, дека ме видоа како зборувам на улиците. Конечно завршивме и си отидовме. Во станот беше убаво и топло, но мене ми беше ладно. Реков: “Господе, што се случува? Надвор на ладното, мене ми беше топло, а сега тука во станот е топло, а мене ми е ладно.” Господ ми рече: “Сега не сум ти потребен.”

Господ знае кога и како да ни помогне. Тој е со нас во сите можни ситуации и кога ние немаме сила, Тој е тука да не направи победници во Неговото свето и моќно име.

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ЕДНА ОД ДРЖАВИТЕ ЈА СЛУШНА ПОРАКАТА

Еден ден додека проповедав на улиците во главног град на Југославија, еден човек од обезбедувањето на претседателот на една од државите ми рече: “Зошто не му зборуваш на претседателот за Исус Христос?” И покрај многуте телохранители, пријдов со Библијата во рацете кон претседателот и бев доста блиску. Го погледнав во очи. Ја спушти главата и ништо не рече. Господ ми даде порака и тоа му го соопштив, реков: “Ке одите во пеколот ако не се покаете и поверувате во Исус Христос, ако не престанете да ги испраќате овие луѓе во војна.” Додека одев повеке од стотина метри покрај него продолжив да му зборувам се што Господ ми беше ставил на срце.

СОЈУЗНИОТ СУДИЈА ГО ПРЕДАДЕ СВОЈОТ ЖИВОТ НА ГОСПОД ИСУС ХРИСТОС

Сеуште немав дваесет и две години кога во 1967 – година сојузниот судија ми нареди да ја напуштам Југославија. Причина беше тоа што во неговата канцеларија реков дека комунизмот е најлошиот систем кој владее во Југославија. Не ме уапси затоа што беше еден од моите професори од училиштето, но ми рече дека ќе ме уапси и затвори за цел живот, или ќе ме убие, ако се вратам. По дваесет и пет години, како се вратив во Југославија, решив да го најдам. Отидов во судот кај што неговиот син работеше како судија. Разговарав со него и тој ми даде телефонски број и адреса. Отидов да го посетам. Сега беше на возраст од осумдесет и две години. Ме праша: “Што работам сега?” Му реков: “Јас сум Бајо Јечменица и пред многу години избегав од оваа земја, но сега се вратив.” Беше уплашен, но јас му реков: “Не плашете се, ми направивте вистинска услуга.” Ме праша: “Како тоа?” Одговорив: “Избегав од оваа земја и живеев во Флорида. Го сретнав Господ Бог и станав верник. Се вратив овде како што ми нареди Господ да дојдам и да ви кажам како и вие можете да станете верник.” “Немој да кажеш поради тоа што сега имаме доста проблеми. Војната започнува. Зошто Бог не ни помогне?” Одговорив: “Не помага затоа што не го барате. Не сте застанале пред Бог и немате мир со Него.” Така му ја објаснив пораката на спасението, а потоа го отвори своето срце за Исус. Му дадов трактати и Библија.

ВОЕНИОТ СУДИЈА ГО ПРЕДАДЕ СВОЈОТ ЖИВОТ НА ГОСПОД ИСУС ХРИСТОС

Отидов во полиција да си го земам пасошот. Додека чекав ми беше речено да одам во другата просторија. Дојдоа четири полицајци и ме уапсија, ме ставија во кола и ме одведоа во затвор. Ги прашав зошто ме водите во затвор. Кога ми ги прегледаа документите, рекоа дека во прашање е грешка, и дека требало да бидам таму, туку на воен суд. Затоа повикаа воена полиција и два часа покасно бев одведен во воениот затвор. Кога останав во затворската ќелија се молев на Господа да ме ослободи од ова место. Сакав да се вратам и да го проповедам Евангелието. Кога се појавив на суд, почнаа да ме испрашуват. Имаа писмо што го имав напишано пред многу години, во него барав да ги ослободат моите родители, кои беа уапсени затоа што ја напуштив Југославија и затоа што не сум служел војска. Судијата ми рече дека ке ми суди во склад со законот. Реков: “Да, очекувам така и да направите оти постои судија и над вас.” Ме праша: “Кој судија е над мене?” Реков: “Господ Исус Христос.” Почна да вика на мене и рече да замолчам, но јас продолжив. Конечно го сопре судењето и рече да му зборувам повеќе за Господ Исус Христос. Десет минути по проповедањето на пораката за спасение, го отвори своето срце за Исус Христос. Беше исполнет со радост. Кога судењето започна повторно ми рече: “Ке направам се за тебе!” и ме ослободи.

Една година покасно почна војната, се случија ужасни работи. Земјата се подели и мнозина беа убиени. Судијата ме прими и разговараше со мене. Имав Библија за него, но на земјата не можев да и помогнам. Слава на Бога! Господ допира до човечките срца. Кажи им на оние во владата како и на сите други, за Исус и Неговата љубов према човекот.

ПОКАЈ СЕ И ВЕРУВАЈ ВО ГОСПОД ИСУС ХРИСТОС

Додека патував, отидов во еден хотел со бегалци од Босна, тие избегале поради војната и изгубиле се. Влегов во една соба кај што живееше десеточлено семејство со децата. Им реков дека треба да се покаат во името на Исус Христос. Еден човек со тажен глас ми рече: “Проповедниче, кажи ми, зошто ни се случи ова?” Изгубивме се и сега сме тука, без смисла за живот. Зошто Бог дозволи да ни се случи ова?” Му кажав за Божјите зборови во 5. Мојсијевој 18:10-12, исто така и во Исаија 47:12, 13. Мојсие напишал дека сите луѓе се во окултизам и дека прават лоши работи. Луѓето ги изгубија домовите, прекинаа со својата работа и изгубија се. Некои беа убиени, а некои избегале. Им реков: “Сега кажете ми дали знаете некое семејство во Босна кое се занимава со такви работи како што е врачањето.” Човекот одговори: “Знам многу куќи во кои тоа е секојдневна пракса.”

Оваа порака е за секој што слуша, и за тебе ако гаташ, ако гледаш во карти, во yвезди, во хороскоп. Стани, покај се и кажи му на Господ Бог во името на Исус Христос, дека ти е жал поради тоа. Замоли го Господ да ти прости и да те измие со Својата драгоцена крв, да ти ги прости гревовите, да те очисти, откупи и направи да бидеш Божје дете. На радио и телевизија има многу гатачи. Тие се таму за да ги вовлечат луѓето се подлабоко и подлабоко во зло и да ги одалечат од Бога. Оние кои се опседнати со ѓаволот не можат да размислуваат за покајание во името на Исус Христос за да станат верници на Божјото Слово и да станат благословени луѓе. Многу е важно за луѓето да престанат да со ѓаволски активности. Човекот призна дека Бог е добар.

ДВАЕСЕГОДИШНА ЖЕНА, СЛЕПА ОД РАЃАЊЕ, ПРОГЛЕДА ПРЕКУ МИЛОСТА БОЖЈА ВО ИМЕТО НА НАШИОТ ГОСПОД И СПАСИТЕЛ ИСУС ХРИСТОС

Во другата просторија од хотелот имаше уште едно семејство со две ќерки, една дваесет а другата четириесет години. Кога им пријдов помладата рече: “Јас сум слепа”. Ја прашав: “Дали веруваш дека Господ Исус Христос може да ти поклони вид?” “Да,” одговори таа. “Верувам.” И реков да ги стави рацете на очите. Ги ставив своите раце на нејзините раце и реков: “Очи, отворете се сега во името на Исус Христос.” Ги спуштив рацете, а таа рече: “Ах, сега гледам.” Сите во собата беа исполнети со радост.

ГОСПОД ИСУС ХРИСТОС ОСЛОБОДИ ЖЕНА ОД САТАНСКИ СИЛИ, ЦЕЛОТО СЕМЕЈСТВО ГО ОТВОРИ СРЦЕТО ЗА СПАСИТЕЛОТ

Четириесетгодишната ќерка рече дека многу силно ја боли главата. Ја погледнав и реков: “Ти си гатачка.” Одговори: “Да, сум!” Ја прашав: “Зошто го правиш тоа?” Возврати: “Па, започнав пред извесно време.” Реков: “Треба да се покаеш во името на Исус Христос и да го напуштиш ѓаволот. Меѓутоа, најпрво треба во потполност да го отвориш срцето за Исус Христос и да кажеш пред Господ, дека ти е жал што му служеше на ѓаволот и да се покаеш.” Откако ја слушна пораката за спасението како и другите во собата, се покаја и призна дека Исус Христос е Господ и Спасител. Потоа заповедав на ѓаволот во името на нашиот Господ Исус да ја напушти. Во тој момент беше исцелена и исполнета со радост. Целото семејство сакаше да чуе уште повеќе за Исус Христос, така поделив Нови Завети и си отидов.

Две недели подоцна поминував покрај хотелот и се сретнавме со девојката што беше слепа. Таа рече: “Јас сум жената за која се молевте и господ ми поклони вид.” Реков: “Фала му на Бог. Сега треба на сите други да им зборуваш што направи Господ Исус Христос за тебе.” Рече: “Потполно сум здрава. За месец дена се враќаме во Босна.” Реков: “Сите знаат дека си била слепа, кажи им на луѓето, како Господ Исус Христос те исцели и ти поклони вид.” Слава на Бог!

За викендот седнав во автобус, ја зедов својата проповедалница на расклопување, го ставив мегафонот во големиот куфер и отидов надвор од главниот град на местото кај што се оди на капење. Таму проповедав, делев трактати. Понекогаш проповедав пет или шест часа и во тој период мнозина беа исцелени и ослободени преку моќниот Божји благослов.

Еден ден дојдоа две млади дами. Едната ми рече: “Три години мојата другарка се чувствува депресивно и не може да се смее.” Таа внимателно ги читаше постерите кои ги имав закачено пред проповедалната. На едниот пишуваше порака за исцеление а на другиот имаше порака за спасение. Ме запраша: “Дали е вистина ова што го пишува?” Одговорив: “Да, вистина е. Исус може да те исцели ако поверуваш во Него и ако се покаеш.” Рече: “Сакам да го отворам своето срце за Него.” Потоа ја молеше молитвата за спасение. Во името на Исус Христос заповедав на лошите духови да ја напуштат. Во истиот момент беше ослободена. Се насмеа. Беше толку среќна така што скокаше и отрча да им каже на сите наоколу колку е среќна, оти за период од три години сега за прв пат е насмеана. Голема радост беше присутна.

За цели осум години проповедав Евангелие, но тоа време заврши, токму пред НАТО бомбарирањето. Се оддалечив околу 500 - метри подолу и таму го проповедав Евангелието, делев трактати и Нови Завети. Целата таа седмица, луѓето доаѓаа за да ја примат пораката на Евангелието. Нека биде прославен Бог! Нека се слави името Негово.

БЕВ ПРЕКРИЕН СО СВЕТЛИНА

Еднаш имав само еден трактат. Го дадов на една жени на автобуската станица. Таа ми рече: “Слушав некој човек како проповеда Евангелие на плажата.” Ја прашав како не ме препознава. А потоа ја прашав: “Како изгледаше?” “Не би знаела да кажам. Беше покриен со светлина, како да е осветлен од сонцето.” Автобусот пристигна и таа си отиде.

ШЕФОТ НА ПОЛИЦИЈАТА ГО ПРИМИ СЛОВОТО ГОСПОДОВО

Проповедав и на луѓето кај железничката станица. Полицијата ме одведе во локалната станица и ме натера да пополнам формулари за да ме идентификуваат и уапсат. Додека стоев, некој покрај мене гласно праша: “Кој те испрати назад во земјава?” Почнав да објаснувам, но главниот полицаец категорички пресече: “Бог го прати.” Отидоа во другата просторија и се вратија по неколку минути. Се извинија што ме уапсија. Им поделив трактати, Евангелија и Библии. Ме советуваа да ги информирам кога ке зборувам јавно за да ме заштитат.

ПОЛИЦИЈАТА СЕ ОТВОРИ ЗА ПОРАКАТА НА ГОСПОД ИСУС ХРИСТОС

Еден ден проповедав во еден град блиску до границата со Маxарска и Хрватска. Полицијата ме стави во кола и ме одведе во станицата. Додека ме испитуваа одлучија да станат христијани. Им дадов шест Нови Завети. Славете го Господа!

ГОСПОД МЕ СНАБДУВАШЕ СЕКОЈДНЕВНО СО ЛЕБ

Војната се разгоруваше и немаше храна. Понекогаш ја немаше со денови. На одредени места лебот можеше да се купи само наутро. Едно попладне бев да купам леб, луѓето ми рекоа дека не остана и дека се продаде утрото. Ги замолив да пребарат се, бидејки мора да останал еден за мене. Беа запрепастени кога по повторното тражење, открија леб за кој не знаеја дека го имаат. Другиот ден ми беа потребни два леба да ги поделам со пријателот и пронајдоа два. Бог се грижеше за моите потреби. Мојот Бог ќе се погрижи и за сите ваши потреби во склад со својата слава, богато, во Христос Исус, Филипјаните 4:19.

СИТЕ ЛУЃЕ ГО ПРИМИЈА ГОСПОД ИСУС ХРИСТОС, ПИЈАН ЧОВЕК СЕ ОТРЕЗНИ

Додека патувавме со мојот роднина кон куќата на мојата тетка близу до границата со Босна, еден човек стопираше и праша дали можеме да го земеме. Кога стигнавме, тетками му даде на човекот шише ракија и рече да се послужи сам оти таа слабо гледа. Кага луѓето слушнаа и разбраа дека дојдов да го проповедам Евангелието, почнаа да пристигат во тетќината куќа. Проповедав три часа, а потоа прашав дали некој е спремен да го предаде своето срце на Исус. Човекот што се беше напил, рече: “Сакам своето срце да го предадам на Исус.” Се помолив со него за спасение, а потоа го погледнав. Седеше и ме гледаше. Прашав: “Што ти се случи?” “Ме удри струја и сега сум трезен.” Тогаш сите ги отворија своите срца за Господ Исус.

ЖЕНА СТАРА 76 ГОДИНИ Е ИСЦЕЛЕНА ПРЕКУ МИЛОСТА БОЖЈА ВО ИМЕТО НА НАШИОТ ГОСПОД

Додека бев таму, една жена ја доведе својата парализирана мајка која тешко одеше и седна на клупата до мене. Се молев за неа во името на Исус. Следниот момент знаев дека жената е исцелена. Ја прашав: “Можеш ли да зборуваш?” Одговори: “Да, можам!” Потоа се помоливме за спасение и таа го отвори срцето за Исус Христос. Сите се веселеа во Господа.

ЧОВЕК НА 62 ГОДИНИ, УМРЕ А ГОСПОД ИСУС КАКО ПОКЛОН ГО ВРАТИ ВО ЖИВОТ

Бев да го посетам семејството на мојата најстара сестра. Кога пристигнав сестрами плачеше. Ја запрашав, што ти се случило? Таа рече: “Зарем не го гледаш мојот маж?” Одговорив: “Да, го гледам, ене го, се одмара.” “Не,” рече таа: “тој почина.” Отидов до починатиот ја положив мојата рака на неговото чело и го замолив Господ Бог да му го врати животот. “Врати му ги духот и душата.” Потоа реков: “Господе, фала ти во името на Исус Христос.” Неколку минути покасно скокна од креветот и рече: “Гледам многу добро, се ми е толку светло, полн сум со сила.” Потоа влезе во собата и го допираше своето тело. Велеше: “Жив сум, жив сум...” Радосно повторуваше: “Ти благодарам Господи Боже мој.” Потоа побрза во градот и им раскажуваше на сите како умре и беше мртов, но дека Господ Бог го врати во живот. Беше тоа силно сведоштво и големо чудо Божјо.

ГОСПОД МИЛОСТИВО СЕ ГРИЖЕШЕ ЗА СИТЕ МОИ ПОТРЕБИ

Истиот ден се вратив во Белград и посетив едно христијанско семејство. Го сретнав стариот проповедник и разговарав со него за чудото што Господ го направи. Рече: “Бог ке направи моќни чуда во целата земја. Му благодарам на Господ Бог што те донесе назад во татковината и да го проповедаш во Неговото име за Неговата голема слава.” Реков: “Имам еден проблем. Немам каде да престојувам. Немам ни пари.” Тој возврати: “Не грижи се. Имам еден стан за тебе, илјада метри од тука и можеш да останеш во станот колку што сакаш. Не треба ништо да ми платиш.” Станот се наоѓаше во центарот на градот. Навистина бев ме благословил и ми вети дека ке имам пристап на радиото и телевизијата, дека ке се погрижи и за парични средства. Иако српските пари ја изгубија својата вредност поради инфлацијата, Господ навистина ме благослови со се што ми требаше. Започнав своја радио и телевизијска програма. Господ направи чудо, можев да најдам време и склопив договор за проповедање на Евангелието, покрај фактите што немав свој телефон ниту пак автомобил.

Во тој период имав девет термини на радио програмата во различни градови низ Србија и сите беа секуларни станици. Но бев гост и на една главна радио станица која се пренесуваше сателитски, зборував на српски јазик.

НАШИОТ ГОСПОД ИСУС ХРИСТОС ЈА ОЗДРАВЕ ЌЕРКАТА НА НОВИНАРОТ

Пред емитувањето на програмата, телевизијскиот репортер ми рече за својата петогодишна ќерка која беше многу болна и имаше висока температура. По негово барање се молев за девијчето. Веднаш по вестите ја побара својата жена на телефон, таа во чудо рекла дека девојчето е потполно оздравено и се прашувала што се случило. Тој и одговори: “Јас знам.” Ја спушти слушалката и на слушателите во детали им раскажа за се што се случи. Нагрнаа телефонски повици од Германија, Русија, Србија и Африка. Разговорот, за она што Господ Исус Христос го направи се развлече за нредните три часа. Уште пет пати бев поканет да проповедам на истата телевизија. Во текот на девет години имав свои термини на телевизија и на радио, проповедав на многу јавни места, а патував исто така и проповедав во црквите низ Романија, Германија и Франција.

АДВОКАТКАТА БЕШЕ СПАСЕНА СО СИЛАТА БОЖЈА, ВО ИМЕТО НА ГОСПОД ИСУС ХРИСТОС

Откако се вратив од патувањето, добив порака да се најдам со човекот што беше задолжен за односите со верските заедници. Тој ми кажа за една госпоѓа што беше угледен адвокат во Сојузната влада, таа била многу ожалостена поради смртта на нејзиниот брат, што починал на возраст од 39 - години. Тој бил познат физичар. Не можеше да ја совлада тагата и го замоли својот пријател ако познава некого што би можел да и помогне. Тој кажал дека ги знае сите свештеници, но дека познава и еден човек, што го љуби Господа и кој може да и помогне. Бев повикан да отидам во зградата на Сојузната влада каде што беше закажана нашата средба. Се молевме заедно, и разговаравме за спасението. Тогаш таа го отвори своето срце за Исус Христос и го призна за свој личен Господ и Спасител. Во тој момент товарот на жалост панда од неа и стана нова личност во Господ Исус. Ми кажа дека пред тој состанок, самата пробаше да се ослободи, со тоа што рано наутро, пред да оди на работа по традицијата на локалната црква запалила свеќа, но никаква корист од тоа. Неколку месеци потоа, разговарав со службеникот и прашав за судиката. Рече дека расте во Господа.

ВРАБОТЕНИОТ ВО ТВ СТАНИЦА БЕШЕ ИСЦЕЛЕН СО СИЛАТА БОЖЈА, ВО ИМЕТО НА ГОСПОД ИСУС ХРИСТОС

Господ направи силни чудеса за мене додека бев во Македонија. Ми овозможи да се појавам на главната телевизијска станица која го покрива поголемиот дел од земјата. Додека го проповедав Евангелието еден од вработените беше болен. Госпоѓата што ја водеше програмата ме запраша: “Зошто не се помолите за овој службеник? Ако верувате во Господ Исус Христос и ако сте Негов слуга треба да имате сила да се молите за оздравување.” Реков: “Да, ке се молам. Кажете му да дојде.” Така во името на Исус Христос се молев над него да оздрави и тој оздраве. Го прими трактатот што го имав. Оние што посматраа им кажав дека ке ме најдат во Христијанската Црква во Скопје - главниот град на Македонија. Службата во црквата беше започнатаКога отидов во црква да го проповедам Словото, луѓето почнаа да доаѓаат. Црквата беше полна со луѓе. Господ преку Светиот Дух ги допираше луѓето, исцелуваше и ослободуваше. Сведоштво дадоа и некои што седеа позади, немаше потреба да дојдат близу за да положам раце. Светиот Дух веќе беше присутен и во тој дел од салата. Бог ги исцели. Слава на Бог. Слава на Бог. Алелуја!! Луѓето доаѓаа напред, уклучувајки ги бебињата и малите деца, со различни потреби. Потреба за вид, ослободување од гатање и т.н. Господ ги исцели. Посакав да ги посетам во домовите, но времето не ни дозволуваше. Кога се молев на ТВ програма за луѓето во потреба, гледачите се јавуваа и сведочеа за исцеленијата што ги доживеале од Господ Исус Христос пред малите екрани. На мое изненадување, на крајот од програмата некои луѓе, веќе ме очекуваа пред студиото, дошле да ме запознаат лично и да се молам за нив.

ГОСПОД МИ ДАДЕ ЗНАК

За време на конференцијата за учители и пастори во Македонија, еден проповедник од Канзас Сити, дојде да се моли над мене. Зборуваше со помазание, па слушав внимателно. Имаше порака за мене. Господ рече: “Те помазав да одиш при Мојот народ, да проповедаш за Мојата Слава и да го носиш Моето помазание, на оние тие што ме љубат и спремни се да ми служат, но немаат доволно сила. Ти давам знак.” Не знаев точно што мисли Господ со тоа, дека ке ми даде знак, но следниот ден бев повикан да проповедам во локалната христијанска заедница.

ШЕСНАЕСЕГОДИШНА ДЕВОЈКА, РОДЕНА ГЛУВОНЕМА, СЛУША И ЗБОРУВА ВО ИМЕТО НА ИСУС

Кога ја завршив пораката, една жена ми пријде заедно со својата глувонема ќерка. Ја прашав: “Можеби сакате да го предадете своето срце на Исус?” Мајката рече: “Не знам, мојата ќерка е родена без способности да зборува и чуе.” Реков: “Во името на Исус Христос таа ќе чуе и зборува.” После молитвата, девојчето оздраве и веднаш почна да ги повторува зборовите што нејзината мајка ги кажуваше. Какво ли чудо! Тоа беше знакот, за кој што Бог, претходно рече, дека ме испраќа да ги носам овие две пораки на Неговиот народ.

Кога се вратив во Србија, зборував на проповедниците од различни цркви ги кажав двете пораки, што Господ ми ги даде. Некои не ме примиа добро, а други пак, ме поканија да им проповедам. На крајот од мојата проповед, Господ ми рече: “Имам луѓе што треба да бидат помазани за служба, ќе дојдат пред тебе, помоли се за нив.” Петмина од верниците излегоа напред и ме замолија, да се молам за помазание над нивните служби. Еден млад човек дојде и го прашав: “За што сакаш да се молам.” Тој рече: “Треба да примам помазание за служба.” Прекрасно е она што Господ го прави. Господ сака да ги знаеме Неговите намери, да ги исполниме Неговите планови, да знаеме што Тој кажува, да го чуеме Неговиот глас и да правиме она што е во склад со Неговата волја. Само така ќе доживееме големи благослови. Да го славиме Бог.

ЧОВЕК ОСЛОБОДЕН ОД САТАНИЗАМ

Го завршив своето проповедање во фабриката за автомобили во Крагуевац. Стигнав во центарот од градот на локалната автобуска станица. Видов можност да го проповедам Евангелието. Еден човек ми пријде, го пцуеше името на Исус, зборуваше дека ке ме убие. Тргна право на мене. Го замолив да ми го каже своето име. Замолкна. Го погледнав и реков на Сатаната: “Знаеш дека имам власт над тебе, во Исусово име ти заповедам да го напуштиш.” Во истиот момент човекот падна на бетонот на своите колена, високо ги подигна рацете и гласно го славеше Исус Христос. Сите околу него го слушнаа како рече: “Се случи чудо.” Продолжив да славам и да благодарам на Бог за избавувањето на овој човек од сатанската сила.

ГОСПОД ИСУС ГИ СМИРУВА НЕМИРИТЕ ВО БЕЛГРАД

Во главната улица во Белград имаше немири. На улиците имаше воени тенкови, студентите држеа митинзи на улиците и плоштадите. Илјадници луѓе го слушаа водачот кој сакаше да се бори против актуелната влада. Една вечер Господ ми зборуваше. “Зошто не отидеш во центарот на градот и да се молиш?” Следниот ден околу 16 - часот, проповедав и видов како водачот оди наоколу а луѓето го следеа. Главната улица се празнеше, и тогаш Господ ми прозборе во срцето: “Клекни и моли се.” Клекнав и се молев, кога завршив со молитвата немаше никој наоколу. Тенковите се вратиле по своите бази, а луѓето отишле секој на своја страна.

РАНЕТИТЕ ВОЈНИЦИ, ШТО ПОВЕРУВАА ВО ХРИСТА, БЕА ИСЦЕЛЕНИ

Ова се случи во Босна, проповедав во военото подрачје од градот Пале, потоа на половина час, отидов во Воената Болница да се помолам за ранетите војници. Само еден од ранетите не веруваше и не сакаше да се молам над него. Една недела потоа отидов повторно во болницата на посета. Медицинските сестри се смешкаа и рекоа дека сите ја напуштиле болницата: “Слава на Господ, сите беа исцелени”, освен оној што не сакаше да поверува.

ПОРАКАТА НА СПАСЕНИЕТО ДОСТИГНА МНОЗИНА

Во јуну 1996 година во главниот град на Македонија, имав собир на луѓе од различни религиозни движења, што немаат слушнато за Исус Христос. Кога бев на ТВ програма ги поканив заинтересираните гледачи, да дојдат наредниот ден во Индустријската сала. Дојдоа да примат благослов: слепи, мајки со болни деца, глуви, луѓе активни во гатање, врзани од страна на религиозните водачи. Проповедав околу 15 - минути, потоа реков дека мора да си го отворат срцето за Исус и да се покаат за своите гревови. Сите се молеа со молитва за спасение. Се молев за човек, кој доживеал удар, беше слеп и парализиран. Сите гледаа од љубопитност. Се молев за мозокот, положив рака на очите и го славев Господ Исус Христос да му даде вид. Кога ги тргнав рацете рече дека може да гледа. Радоста и веселбата доминираа со своето присуство и го исполнуваа местото. Со свои раце го допрев четиринаесетгодишното момче кое беше глуво од раѓање. Господ Исус Христос го исцели моментално. Отрча кажувајки како може да зборува и да слуша. Останав таму четири часа. Светиот Дух моќно ме водеше низ мноштво луѓе. Не сакаа да си одам. Но требаше да се појавам на телевизија. Мноштвото беше толку големо што едвај се пробив низ него.

ПОРАКА ОД ГОСПОДА: ЗЕМИ ГО МОЕТО СЛОВО И ПРОДОЛЖИ

Во 1999 – година, НАТО силите бомбардираа во Србија и Црна Гора, тоа траеше седумдесет и седум дена. Последиците беа ужасни: уништени згради, луѓе убиени и повредени. Поради немирите не можев да одам на јавните места и некои друѓи подрачја да проповедам, па се решив и отидов во Црна Гора. Таму проповедав на радио и на разни јавни места, бев и во училиштата.

За шест месеци одтаму, повторно се вратив во Србија. Тука се сретнав со еден Божји човек од Њу Џерси, кој е роден во Србија. Се молевме заедно. И тој имаше слово од Господа за мене. Пораката беше: “Напушти ја Југославија и оди во другите краеви од светот да го проповедаш Евангелието на милиони луѓе.” Господ исто така рече: “Ќе направам уште посилни дела од било кога досега.” Така ја напуштив Југославија и отидов во Париз за три недели, таму два пати се појавив на радио станиците. Знаев дека Париз не е местото во кое треба да останам, затоа заминав за Јужна Флорида во Америка. Тука сум да проповедам за Божјата Слава и да го пренесам помазанието за кое Господ ми зборуваше. Неговото помазание над оние што го љубат, кои се спремни да му служат, но немаат сила. Благодарен сум на Господ што ми даде прилика, да бидам благослов за мојот народ.

Слава на Господ!

Петар вели во Дела 4:12: “Во никој друг нема спасение, под небото нема друго име дадено на луѓето, со кое би можеле да бидеме спасени.” Исус Христос умре на крстот да ги спаси грешните, Тој ја пролеа својата драгоцена крв, за сите ние да умреме заедно со Христос, за нашата стара и грешна природа. Од нас се бара, понизност и покајание за гревовите, покајание за неверието. Затоа да го молиме Господ Исус Христос да ни прости, да не очисти од гревовите и да не ослободи од стариот начин на живеење. Сега е времето, сега можете да го примите Божјиот живот и да станете Негово чедо. Молете се за исполнување со Светиот Дух. Не дозволувајте било што да ве спречи. Оние кои нема да се покаат, самите себе се осудуваат за пеколот и огненото езеро. Зашто Бог толку го засака светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој кој верува во Него да не загине, туку да има вечен живот. Зашто Бог не Го испрати Својот Син во светот за да му суди на светот, туку светот да биде спасен преку Него. Кој верува во Него, нему не му се суди, а кој не верува веќе е осуден, зашто не поверувал во името на Единородниот Божји Син. (Јован 3:16, 17, 18). Единствениот што може да даде Божји живот е Исус Христос. Својот Дух ни го дава за да се родиме одозгора, од Бога. А на сите што Го примија, им даде право да станат Божји деца, на оние кои веруваат во Неговото име, кои не се родија ниту од крв, ни од телесна похота, ниту од воља на маж, туку од Бога. (Јован 1:12, 13).

Господ Исус Христос има Божју сила да не ослободи од гревот, пеколот и огненото езеро. Тој ги отклонува духовните препреки и ни дава духовно да прогледаме, дава вид. Исус рече: “Јас дојдов на овој свет за суд, за да прогледаат оние кои не гледаат и за да ослепат оние кои гледаат.” Некои од фарисеите, кои беа со Него, го чуја тоа и Му рекоа: “Да не сме и ние слепи?” Исус им рече: “Да бевте слепи немаше да имате грев, ама сега велите: 'Гледаме' - затоа гревот ви останува.” (Јован 9:39, 40 и 42). Во Јован 14:6, 7; Исус одговори: “Јас Сум Патот, Вистината и Животот. Никој не доаѓа кај Таткото, освен преку Мене. Ако Мене Ме познававте, ќе Го познававте и Мојот Татко. А отсега Го познавате и сте Го виделе!”

Се молев за многу болни и Господ Исус Христос ги исцели. Се молев за слепи, глуви, болни од рак и други болести. Се молев за бракови и брачни парови кои сакаа деца. Господ Исус Христос е Спасител, нашиот Доктор, нашиот Избавител. Зашто самиот Господ ќе слезе од небото, на заповед, со глас на архангел и со Божја труба, и мртвите во Христос ќе воскреснат први. Потоа ние живите кои останавме, ќе бидеме грабнати заедно со нив на облаците, за да Го сретнеме Господ во воздухот; и така засекогаш ќе бидеме со Господ. Затоа, утешувајте се еден друг со овие зборови. Треба да веруваме во се што Господ Исус кажа, како што е запишано во Библијата. Треба да се молиме на Бог-Таткото, во името на Господ Исус Христос и секогаш да благодариме.
 
www.reasonforhope.net
Phone: +1-816-649-1021
BAJO JECMENICA
1007 Ensign Trc. Apt E
Cameron, MO 64429
USA